Два американски стратешки бомбардери извеле вежби кај Јужна Кореја, соопштиле американските воздухопловни сили, во очи на посетата на Доналд Трамп во таа земја.
Веста за вежбите најпрво ја пренела севернокорејската новинска агенција КCNA, која кажала дека вежбите на јужнокорејските и јапонските борбени авиони се “вежби за изненаден нуклеарен напад”.
“Моменталната ситуација јасно покажува дека криминалците како американските империјалисти се оние кои ја отежнуваат ситуацијата околу Корејскиот полуостров, барајќи да се потпали “нуклеарна војна”, пренесува KCNA.
Бомбардерите прелетале низ воздушниот простор на Јужна Кореја, рекла портпаролката на воздушните сили Викторија Хај.
Како што се тврди, вежбата била изведена во време кога трите американски групи носачи на авиони се наоѓаат во азиско-пацифичкиот регион.
А/Г/