Митар Таријев од Москва доживеал срцев удар поради што веднаш бил пренесен во болница. Додека стигнал до одделението за интензивна нега 55-годишникот паднал во кома.
Лекарите цел час се обидувале да го реанимираат и успеале во тоа. Според нивните зборови овој пациент поставил рекорд.
-Сонував дека сакам да одам негде, но некој ме фати за рака и рече дека уште не е време, изјавил Митар за руските медиуми.
Пациентот е пуштен од болница и нема никакви компликации, а за докторите вели дека му се како родители, бидејќи му подариле нов живот.