Макеоднскиот шампион Вардар го совлада големиот Фенербахче на Арената “Филип Втори” со 2:0 во првиот меч од пеј-оф фазата од Лигата на Европа.
Вардар повторно докажа дека кога игра на националната арена никој ништо не му може. Ја контролираше играта за време на целиот меч, создаваше шанси и го држеше турскиот противник целосно оддалечен од сопствениот гол.
Секако, за ова голема заслуга имаше добрата тактичка поставеност на новиот тренер на клупата на Вардар Чедомир Јаневски.
Со одличниот погодок на Ерменецот Баргесјан во 20-та минута, Вардар поведе со 1:0, резултат со кој се отиде на полувреме.
Во вториот дел Вардар продолжи со истата игра, го контролираше теренот и создаваше нервоза кај тимот од Истамбул, која резултираше со авто гол и водство за Вардар од 2:0 во судиското продолжение.
Вардарци со овој резултат направија огромен исчекор кон толку посакуваната групна фаза во Лигата на Европа и со голема предност ќе патуваат за Турција.
А/Г/