Ратко Младиќ кој вчера во ХАГ беше осуден на доживотен затвор, а пред да се изрече пресудата беше истеран надвор од судницата поради недолично однесување, зад вратите каде му се судеше, бил со семејството и тој ги тешел нив, наместо тие него.
Синот на Ратко, Дарко Младиќ, вели дека зад вратите тој си го тешел семејството и ги уверувал дека ова е далеку од негов пораз.
– Секако дека беше лут, но се очекуваше ова. Велеше жено, сине не плачете, ова е прво полувреме и ништо не е готово. Пресудата е погрешна, викал Младиќ, раскажува неговиот син за српски Курир.