Осветен новиот храм во Велес: Со целиот свој сјај блесна новата црква “Св. Кирил и Методиј” (ФОТО)

После 11 години градба денеска во Велес беше осветена црквата Св. Кирил и Методиј.

Со чинот на осветувањето чиноначалствување поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод.

Црквата е градена во византиски стил, еднокорабна со кршен камен и има камбанарија со 13 ѕвона надвор од објектот. Дело е на архитектот Тодор Паскали и се простира на површина од 500 метри квадратни.

Црквата е целосно фрескоживописана и зрачи со посебна убавина.

Осветувањето на црквата Св. Кирил и Методиј е од посебно значење за граѓаните на Велес кои во огромен број присуствуваа на светата литургија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.