Осветена камбанаријата во црквата во с.Ерековци (ВИДЕО)

DSC00651

По повод вчерашниот верски празник Св.Никополски (45) маченици, но и во чест на осветувањето на новоизградената камбанаријата во црковниот храм – “Воскресение Христово” во с.Ерековци, вчера беше организиран општонароден собир, на кој покрај присуството на голем број вернци, присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Тој на домаќините и на црковниот одбор им го честита овој православен празник и изградбата на камбанаријата и им посака среќа и радост на домаќините, притоа, истакнувајќи ја важноста на ваквите собири.

„Ова е убава традиција која треба да се негува и да се одржува, а ваквите црковни храмови треба да се обновуваат и да се одржуваат. Ние како локална самоуправа помагаме во рамките на нашите можности “- рече градоначалникот, Марјан Ристески.

Жителите од село Ерекоци се горди на црковниот храм – “Воскресение Христово”, коj го обновуваат и надоградуваат. Во тој нивни ангажман им помага и локалната самоуправа – Прилеп, односно градоначалникот, Марјан Ристески, кој денска доби и благодарница од преставниците на црковниот одбор, кои искрено се заблагодарија за помошта која ја добиваат за уредување на црковниот храм.

Благодарници добија и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп за нивното постојано одржување на црковниот двор, како и компаниите „Марковски„ и рудници од Демир Хисар кои помагаат со градежни матерјали.

Целата прослава во православниот празник и осветувањето на црковната камбанарија во с.Ерековци заврши со општонародна веселба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.