Единствено Општина Кавадарци не е изненадена од временските услови и од невремето во Република Македонија.
Во текот на вечерта низ градското подрачје интензивно се чистеа улиците со 3 унимок возила и се посипуваше со чиста сол без ризла за поголем ефект.
Денес од раните утрински часови повторно се чистеа сите главни булевари и главни улици во градското подрачје.
Чисти се улиците и кон Марена, Глишиќ и с.Сопот.
Во моментот се чистат патиштата кон кавадаречките села Ресава, Бегниште Возарци, Шивец ,Раец ,Дреново а во текот на денов ќе се чисти и до сите останати села.
До сега се потрошена 15 тони сол. Состојбата на улиците во Кавадарци воопшто не е отежната и сообраќајот функционира непрекинато.