Оперскиот виртуоз Дурловски и пратениците Тарчуловски и Димовски пуштени на слобода

Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот Вкж1.бр.6/2018, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.

На пратениците Јохан Тарчуловски Љупчо Димовски, куќниот притвор им се заменува со мерки на претпазливост, а исто така и на оперскиот пејач Игор Дурловски.

Имено, тие еднаш неделно ќе треба да се јавуваат во суд на шалтер за да го потврдат нивното присуство или достапност на органите, со што нема да влијаат на ефикасноста на постапката.

Вакви мерки за безбедност, како замена за домашниот притвор се определени и за Е.Д.Б. и И.Д.

Врховниот Суд исто така одлучи и дека за пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски, како и за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни работи Митко Чавков, мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.

Осомничемите З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.

За осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.