Наместо поголеми плати кои ветувани од СДСМ, откако на власт е Владата предводена од СДСМ просечната плата паѓа. Падот на просечната плата не е единствено нешто што удира директно по џебот на граѓаните, во текот на денешниот ден најавени се и поскапувања на нафтата и водата.
Некои домаќинства од први јануари ќе плаќаат поскапа вода. Сметките кои ќе ни стигнуваат се очекува да бидат поголеми и за 3 проценти.
Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека на 15 ноември ќе се одлучи до каде ќе можат да се движат цените, а општинските совети ќе гласаат за новите тарифи. Од Комисијата засега не откриваат кои општини ќе плаќаат поскапи сметки за вода, а кои поевтини.
Инаку, покрај најавеното поскапување на водата, Владата денеска соопшти дека ќе биде зголемена и акцизата за нафтата за три денари, што значи дека граѓаните кога ќе се пресмета и данокот, ќе плаќаат нафта поскапа за 3,54 денари по литар.
Извор: Курир