НАСА ги снимила промените на годишните времиња на Земјата во изминатите 20 години и направила глобална мапа.
Визуелните податоци се објавени оваа недела и ги покажуваат промените на Земјата гледано од вселената.
Различните бои на океанот сината, зелената, црвената и виолетовата го прикажуваат изобилството или недостатокот на подводен живот.
Океанографот на НАСА Џереми Вердел кој работел на проектот вели дека тоа е како да го гледате дишењето на Земјата. Наведува и дека на снимката се прикажува дека на северната хемисфера пролетта доаѓа поради, а есента останува подолго.
Вердел забележал дека Арктикот со текот на времето се намалува, што е случај и со Антарктикот иако помалку.
Мапата е направена од фотографии кои ги снимиле сателитите.