Ова е човекот што го “држел” Хитлер на нишан и го оставил да избега

Henri-Tendi-449x600

Кој знае како би изгледала историјата на светот доколку Хенри Тенди во 1917 година донесел друга одлука.

Се до “крајот” на животот Адолф Хитлер ги одржувал живи спомените за своето учество во Првата светска војна. А еден од нив бил дека при самиот крај на војната, бил ранет на фронтот. Се влечел по земјата обидувајќи се да појде до рововите, во кои се наоѓале неговите соборци, кога налетал на првиот британски војник кој го држел на нишан.

Хилтер раскажувал дека британскиот војник најпрво се двоумел, а кога сфатил дека тогаш 29-годишниот германски војник е ранет, го оставил. Хитлер му ја кренал раката во знак на благодарност и избегал.

Овој настан е можеби најважниот во историјата на човештвото, историјата би можела да се промени доколку британскиот војник донесел друга одлука, можеби не би започнала Втората светска војна.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.