Латино ѕвездата Џенифер Лопез сеуште спаѓа во најубавите жени во светот, а сега доби конкуренција. Според пишувањата на светските медиуми, пејачката и глумица Џеј Ло, има своја двојничка.
Се работи за бодибилдерката Џенис Греј, која со право може да ја замените со латино ѕвездата.
Џенис поседува истакнати очи, а може да се речи дека бодибилдерката и пејачката имаат сличен моден стил.
Двете сакаат провокативни парчиња на облека, обожаваат високи пунџи и округли обетки, а своето лице го разубавуваат со шминка.
Џенис е воодушевена од коментарите на социјалните мрежи дека личи на познатата ѕвезда па и таа често објавува фотографии со споредба.
https://www.instagram.com/p/BKnyvpcD9iz/
https://www.instagram.com/p/BM4i7XbjwIB/
А/Г/