ОЧАЈ: Сендвичи и води во празните автобуси за митингот во Скопје! Црвен картон за двојазичноста од Прилеп!?”

Централниот митинг на СДСМ во Скопје ќе има очајна посетеност од Прилеп. Неколку автобуси и комбиња, полупразни и опремени со сендвичи и флаширана вода, се упатија кон главниот град.

Повеќе од половина од паркираните автобуси бо центарот на Прилеп останаа во градот.

На неисполнетите ветувања за повисоки субвенции, плати и пензии, на уништувањето на економијата на државата и најавата за двојазичност во нивниот град, прилепчани одговорија со бојкот на СДСМ.

Голем минус е и несериозноста на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски, кој секојдневно се бламира со небулозни изјави кои произлегуваат од немањето на програма и визија за Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.