Пољак и Германцец тврдат дека пронашле воз полн со нацистичко богатство – злато и драгоцени камења, вредни уметнички дела, кои наводно биле сокриени за време на Втора светска војна кога Германците бегале од советската војска.
Марика Токарска, службеничка од Валвжих,Полска, место каде се наоѓа возот, вели дека властите добиле писмо од адвокатска фирма која ги застапува анонимните откривачи. Во писмото тие бараат награда од 10 проценти од вредноста на богатството.
Властите го разгледуваат ова барање, а ги известиле и пожарната и полициската служба, со цел безбедно да се пристапи до возот, пренесува АП.
Се напоменува дека можно е возот да биде исполнет и со експлозиви.
Се смета дека вредноста на богатството е околу 550 милиони долари.