Владата на СДСМ преку Министерството за образование ги укина дисперзираните студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а на другите универзитети ги редуцираше.
Откако првата работа која ја направи владата на СДСМ беше укинување на екстерното тестирање, најновата „реформа“ во образованието е укинувањето на дисперзираните студии.
Во продолжение можете да ја видите минатогодишната понуда на дисперзирани студии од Министерството за образование, кои оваа година СДСМ ги укина.
ФИНКИ
-Дисперзирани студии по информатика во Тетово – понудени 50 места.
Машински факултет
-Дисперзирани студии по производно инжинерство во Кавадарци – понудени се 80 места.
-Дисперзирани студии по производно инжинерство во Струга – понудени се 80 места
Технолошко металуршки факултет
-Дисперзирани студии по металургија, дизајн и менаџмент во Кавадарци – понудени се 80 места,
-Дисперзирани студии по конфекциско инжeнерство во Крива Паланка – понудени се 80 места,
Економски факултет
-Дисперзирани студии по е-бизнис во Тетово понудени се 30 места,
Дисперзирани студии сметководство и ревизија во Велес – понудени се 30 места
Правен факултет
-Дисперзирани правни студии во Тетово – понудени 30 места,
Факултет за земјоделски науки и храна
–Дисперзирани студии по градинарство и цвеќарство (8 семестри) во Гевгелија – понудени се 80 места,
-Дисперзирани студии по производство и преработка на тутун (8 семестри) во Прилеп – понудени се 80 места.
Извор: infomax.mk