Нѐ очекува пресврт: Силно невреме е пред нас

oblaci1

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а  дневната од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 39 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.