Некогашната македонска поп-пејачка, Ноне Неделковска деновиве ужива на Јамајка, заедно со своето момче Рајан кој е таму роден. По неколкуте фотографии кои таа ги објави оттаму, дел од домашните медиуми излегоа со информации дека таа е бремена, а слични кометарии можеа и да се прочитаат на социјалните мрежи.
Сепак, велешанката брзо, и на духовит начин ги демантираше овие написи преку својот Фејсбук профил на кој предмалку напиша:
– Луѓе, не сум трудна…дебела сум. Фала пријатно.