Во Полска стапи на сила законот за задолжително неработење во недела и голем број маркети и продавници веќе почнаа да го почитуваат.
Опозицијата се противи на законот и вели дека поради оваа одлука, десет илјади работници ќе останат без работа.
Новиот закон им забранува на трговците да работат две недели во месецот, но идната година бројот на неработните недели во месецот ќе биде зголемен на три, а од 2020 година сите четири недели ќе бидат неработни.