ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ со почетокот на учебната сезона ќе добие ново игралиште. Оваа инвестиција ќе чини илјада и осумстотини илјади денари, средствата се обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа. Денвиве активно се работи на овој проект, а денеска започна и асфалтирањето на игралиштето.
Игралиштето е на површина од 2.000 м2, а на него ќе може да се игра фудбал кошарка и ракомет.
Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно – образовната дејност во училиштето. Со ова уште еднаш се покажуваат заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во образованието како главен приоритет.
Изминатите 12 години ова училиште доживеа целосен расцут, при што голем дел од средствата кои Локалната самоуправа ги вложуваше во образованието, завршија токму во оваа образовна институција.
Поголеми проекти кои беа реализирани во ова училиште се:
-Реконструкција и санација на фасадата на училишната зграда и адаптација на кабинетите на наставниците–вредност 1800 000 денари.
-Промена на вратите и прозорците на старата дограма на една половина од училиштето со нова ПВЦ дограма вредност на инвестицијата – 45 000 евра
-Уредување на ученички парк и амфитреатрални училници на отворено на површина од 3 декари вредност 15 000 евра –донација од Јавното комунално претпријатие во акцијата „ Избор на најчисто училиште во градот“
-Промена на стар кров од салонит со кров од пластифициран лим
Инаку моментално се гради и ракометно игралиште во ООУ “Гоце Делчев” кое е во крајна фаза на уредување и мултинаменско игралиште во ООУ “Климент Охридски”.