Ново адреналинско доживување во Прилеп: Стартува Вториот Македонски “4x4Trophy”

Со пријавени над 200 учесници, од утре започнува вториот Македонски “4x4Trophy”. Високо октанското доживување и оваа година  стартува од полигонот за екстремни спортови сместен во Старо Лагово.

Програмата е следна:

САБОТА – 21.10.2017:
08:00-09:30 часот – Пријава и технички преглед на возилата
10:50 часот – Старт на натпреварот
11:00 часот – Старт на првиот натпреварувач
14:30 часот – Предвидено време за ручек
19:00 часот – Крај на натпреварот (прв ден)
21:30 часот – Хотел (забава и вечера)

Натпреварот ќе се одвива во следните фази:
ќе се вози околу 40км офф роад пат по патна книга;
со 6 до 7 тешко минливи специјални испити.

НЕДЕЛА – 22.10.2017:
09:00 часот – Можност за запознавање со патеката (кружна)
10:00 часот – Старт на натпреварот
15:00 часот – Крај на натпреварот
16:00 часот – Доделување награди 1-во; 2-ро; 3-то место
21:00 часот – Прес конференција за натпреварувачи

КЛАСИ:
Натпреварот ќе се вози во три класи:
– Trophy Класа:
Задолжителна опрема: Кацига (возач совозач), Rollbar, Front Winch (предно витло),Трип метар (мерач на метри), MudTerrain (МТ) гуми.

– Adventure Класа:
Задолжителна опрема:Кацига (возач совозач), Трип метар (мерач на метри) MudTerrain (МТ) гуми.

– Tourist Класа:
Задолжителна опрема: 4×4 Возило и Желба за оффроад.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.