На 5 мај 2017 година во организација на Македонско географско друштво беше одржан 39–от државен натпревар по географија.
Тестирањето и целокупните случувања се реализираа на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Оваа година конкуренцијата беше голема. Се натпреваруваа 323 ученика од кои 261 ученик од основните училишта и 62 од средните гимназиски и стручни училишта во Македонија.
Најдобрите беа наградени, а меѓу нив и оваа година се гимназијалците од СОУ “Мирче Ацев”-Прилеп.
Прва награда освоија Христијан Стомнароски со освоени 97 бода и Ана Димоска со освоени 96 од можни 100 бода. Покрај првата награда, Христијан го освои третото место на натпреварот.
Ментор на учениците им е професорката по географија Виолета Проскоска Велкоска.
Со овие успеси уште еднаш се докажа дека во континуитет, учениците од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ заслужено се на самиот врв со знаењата по географија.