Уверенија им беа врачени денеска на новоизбраниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев и на советниците од Советот на општината, од страна на Изборната комисија.
Честитки до сите нови советници и благодарност за довербата до сите кавадарчани, упати новиот градоначалник. Посака успешна работа.
– Меѓу советниците гледам луѓе со различни професии. Се надевам на соработка и сплотеност, во интерес на Кавадарци. Впрочем, затоа и сме тука, нагласи Јанчев.
Вети дека Кавадарци ќе биде најтранспарентна и најдемократска општина и дека ќе бидат реализирани сите проекти од изборната програма.