Основното подрачно училиште во населеното место Големо Коњари доби нова кровна конструкција, а наскоро ќе добие и нова фасада. Инвестицијата е од 900.000 илјади денари средства обезбедени од ЕЛС Прилеп. Со ова практично се подобрени условите за настава во ова основно училиште.
„Голема благодарност до градоначалникот Марјан Ристески и до општина Прилеп за несебичната поддршка, ова подрачно училиште доби нова кровна конструкија, а наскоро ќе добие и нова фасада“, посочи директорот Зоран Петрески.
Според градоначалникот Марјан Ристески ова подрачно училиште не било реконструирано од далечната 1924 година т.е од кога било и направено, а со овој зафат се заокружува комплетната реконструкција на училиштето.
„Преку овој проект ќе се подобрат условите за настава во ова основно училиште, ние досега во континуитет вложуваме во ова училиште во повеќе наврати и со овој зафат се заокружува комплетната реконструкција на училиштето на општо задоволство на учениците до петто одделение како и на децата кои престојуваат во градинката која од неодамна ја отворивме, посочи градоначалникот Ристески.
Ова подрачно училиште ќе добие и ново игралиште и парковска површина, а од општина Прилеп најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со инвестициите во образованието и подобрување на условите за работа во училиштата како во градот така и во населените места.