Жителите на државите на Пацификот, Самоа и Кирибати први, во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа новата 2018 година, а набрзо потоа и жителите на Нов Зеланд.
Новата година потоа е дочекана во Окленд на Нов Зеланд со огномет од кулата “Скај”, висока 200 метри.
Во 13 часот Новата година пристигна и во делови од Русија, а во 14 и во Австралија, каде главниот огномет е во Сиднеј.
Први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нијуе во јужниот дел на Пацификот, бидејќи кај нив 2018 година, по средноевропско време, ќе пристигне дури утре.