Помина нешто повеќе од месец дена откако СДСМ дојде на власт во Република Македонија, а од нивните најголеми ветувања никаде ни трага, ни глас.
Најголемите адути на првите луѓе на оваа партија, евтината струја, повратот на ДДВ, укинување на радиодифузната такса, повисоките субвенции и плати за докторите, се ставија под тепих.
Граѓаните се измамени и веќе се сомневаат во начинот на нивното владеење. Ова велат подсетува на времето кога претходно владееше во државата, големи ветувања, но реализација нула.
И прилепчани секојдневно за време на предизборната кампања ги слушаа ветувањата на првите луѓе на СДСМ од Прилеп, за подобар живот и низа “реформи” во сфери на општественото живеење.
Меѓутоа, граѓаните ги интересира кога и како СДСМ ќе го изведе повратокот на 15 % од ДДВ за секој граѓанин? Каде е евтината струја, која требаше да ги намали нивните сметки за електрична енергија?
Овие проекти пред прилепчани ги вети и пратеничката Кети Смилеска од редовите на оваа партија.
Наместо исполнување на тоа што го ветиле, СДСМ веќе почна да ги одбива во Собранието своите ветувања. Вчера владеачкото мнозинство гласаше против укинување на радиодифузната такса, а не го исполни и ветувањато за минимална плата од 16.000 денари.
А/Г/