Сончево време со локална облачност најавуваат метеоролозите за новогодишната ноќ. Во недела кога ќе ја чекаме новата година, дневните температури ќе се искачат до 10 степени а ноќта ќе се спуштат до минус 4.
Новата година ќе стартува со сончеви денови. Во понеделник и вторник ќе има многу сонце и температури од минус 2 до 7 степени. Идентичен се очекува да биде и вторникот, а од среда ќе почне период на наоблачување кој ќе трае до крајот на првата недела во 2018.
Што се однесува до врнежите, нив метеоролозите ги најавуваат на средина од оваа недела, но веќе во сабота се очекува разведрување.
Со оглед на тоа што најавените врнежи ќе донесат снег само на планините, не чека сува ноќ за Нова Година, без снег и температури под нула.