Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Бразилецот Кака може по трети пат кариерата да стане член на Милан.
Кака би можел да ја заврши кариерата во црвено-црниот дрес, а потоа да ја преземе директорската функција, пренесуваат италијанските медиуми.
Бразилецот, кој пред неколку дена се опрости од Орландо и МЛС лигата, беше член на Милано од 2003 до 2009 година и со росонерите освои Лига на шампиони, Скудето, Клупско светско првенство и италијанскиот и европскиот Суперкуп.
Тој во Милан се врати во 2013 по четири години во Реал Мадрид.
Тој е еден од четворицата фудбалери во историјата кој освоил Лига на шампиони, Светско првенство и Златна топка, заедно со Роналдињо, Ривалдо и Зинедин Зидан.
Кака е последниот играч кој ја освои Златната топка, а тоа да не се Кристијано Роналдо или Лионел Меси.