Македонскиот репрезентативец Никола Секулов се закити со златото во Италија откако со неговиот тим Јувентус дојде до титула.
Јувентус У15 во мечот за трофеј го совлада Интер (2-0) и стана шампион на „чизмата“. До титулата, „бјанконерите“ дојдоа на стадионот во Чезена.
Секулов настапува во средниот ред и се смета за голем талент во македонскиот фудбал. Тој настапува за младинските категории на Македонија.