Никогаш не осудувајте додека не се ставите во туѓа кожа: За тоа постои одлична причина, а се крие во оваа приказна

Постои една мудра приказна за стар учител кому му се обратила една жена со своето мало дете и му рекла дека е уморна од својот син.

“Веќе сум уморна од ова дете, јаде премногу слатки и се плашам дека ќе се разболе, дека ќе му паднат забите. Со тоа, секогаш нешто го боли – желудецот, ова и она, а јаде само слатко и ништо друго. Направете нешто. Знам дека ќе го послуша она што ќе го кажете вие”, рекла таа.

Учителот го погледнал момчето и и’ рекол на жената:

“Дојдете за една недела”

Жената се изненадила, затоа што секогаш кога ќе дојдела да го праша учителот за нешто тешко во животот, Бог, небото и пеколот, тој бил подготвен веднаш да одговори. Сега се работело за така мала ситница, само требало да му нареди на детето, а за тоа му биле потребни седум дена. Кога дошла после седум дена, учителот и рекол да се врати за две седмици.

На што дури и детето се изненадило. Кога се вратиле после две седмици, учителот го погледнал момчето и рекол:

“Можеш да го постигнеш тоа”.

“Зошто ви беа потребни 3 седмици само да ми го кажете тоа?”, прашало момчето.

“Затоа што и јас сакам слатки. Морав да се обидам и да дознаам дали можам и јас без нив, затоа како инаку ќе ти помогнев? Тоа би било лага, а тешко е, знам”, рекол учителот.

“Можевте само да му наредите, не требало да докажувате”, рекла мајката на момчето.

“Не можам да зборувам за нешто што не сум го искусил. Никогаш не сум проговорил нешто што не сум искусил, затоа што кога тоа ќе го направиш, во тоа нема воопшто вистина. Кога човек зборува од сопствено искуство тоа продира длабоко.

Јас го знаев тоа. Те погледнав во очи и сфатив дека ти тоа можеш да го направиш. Јас сум стар човек – јас сум слаб – мене ми беа потребни 3 седмици. Ти си млад, можеш да го постигнеш тоа за еден ден.

Таков е мојот начин. Никогаш не тврдете нешто што не сте искусиле самите, затоа што без лично искуство нема вистина”, рекол учителот.

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.