Таа има 95 години, а тој 93. Судбината ги поврзала, а откако се венчаа станаа најстари младенци на светот со вкупен збир од 188.
Маргарет Хазбенд и Бернард Брајс се запознале на неговата прва венчавка во далечната 1951. година. Интересно е тоа што таа тогаш била деверица, но за прв пат се виделе дури по 50 години на погребот на сопругата на Бернард.
Најмладиот син на Маргарет, 50-годишниот Роберт која ја испрати до олтарот не ни сонувал дека неговата мајка ќе се омажи на таа возраст.
-Беше многу емотивно носењето на својата мајка пред олтарот. Живеам со неа девет години и веќе многу пати сум размислувал што ќе биде со неа, но таа ме изненадува секој ден, изјави Роберт.