Не е ниту Шехерезад, ниту Хурем – Еве која турска актерка од познатите серии е најплатена (ФОТО)

Не постои партнер во сериите со кој не глумела, а да не ја поврзуваа со нив.

Важи за најубавата, но и за најплатената турка актерка која по една епизода од серија добива по 30 илјади евра.

Поранешната манекенка Џансу Дере, ја гледавме во Езел и Сулејман Величенствениот, а од вчеравечер ја гледаме на ТВ Сител во новата турска драма „Се викав Мелек“ или „Мајка“.

Убавата Турчинка е родена 1980 година во Анкара, нејзиниот татко е трговец, а мајка и наставничка. Како тинејџерка сакала да се занимава со балет и танц, но била превисока, па почнала со манекенство со кое долго се занимаваше.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.