Со средства од буџетот на општина Прилеп во висина од 2.000.000 денари, се реконструираше училишниот двор во ООУ “Климент Охридски” во Прилеп.
Дворниот простор во ова училиште не е допрен уште од 60-тите години, а сега локалните власти заедно со директорот на училиштето Ахил Јаков, од него направија модерен училишен двор со модерно мултифункционално игралиште.
Инвестицијата опфати поплочување на патека со бекатон плочки за надворешни луѓе, нов асфалт за училишното игралиште, како и нови кошеви и фудбалски стативи.
Новиот изглед кој го доби дворот и игралиштето одлично се вклопи со реновираната спортска сала, која од неодамна го краси ова училиште.