Не едно, туку две тела на загинати параглајдеристи се наоѓаат во капелата во Прилеп

paraglajderi

Четириесет годишниот Т.С. од Р.Словачка, вчера попладне летајќи со параглајдер од Мечкин Камен-Крушево, паднал и починал, информираат од полицијата.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица-Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Маркукуле дознава дека во капелата во новите градски гробишта во Прилеп, се наоѓа уште едно тело на загинат параглајдерист од Чешка, кој завршил трагично пред 3 дена.

Телото и на овој параглајдерист според информациите, по наредба на јавен обвинител чека за обдукција.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.