Нема спас од дождот: Какво време не чека до крајот од неделата

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во источните, кон крајот на денот во јужните делови и од земјава, каде се очекува да бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 14, а дневните од 16 до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. До петок ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во јужните делови. За време на викендот ќе има и сончеви периоди, но без позначителна промена на температурата.

Повисоки температури може да се очекуваат на стартот од октомври.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.