Неколку трикови како да го затолите домот без да го појачате греењето

Најважно е да ја спречите топлината да излегува од куќата низ неадекватните прозори и врати.

За да проверите дали ви дихтуваат добро прозорите ставете хартија на прозорот и затворете ги. Ако хартијата лета тогаш губите од топлата енергија и треба да размислите на некоја следна опција.

Ставете изолација на вратата и прозорите. Ова е најбрзата и најефтина опција. Сунѓерестите траки се ефтини а исто така и силиконските па со нив може да ја задржите топлината.

Позади радијаторот ставете стиропор.

Даската над радијаторот е пречка топлината да излезе низ прозорот.

Избегнувајте да го држите прозорот на кип.

Спуштајте ги ролетните. Со тоа ќе спречите топлината да излегува од вашиот дом.

Ако надвор е сончево тргнете ја завесата и пуштете го сонцето во вашиот дом. Така станот се загрева дополнително.

Оставете ја рерната отворена. Кога ќе завршите со печење оставете ја рерната широко отворена.

На плочките ставете тепих. Со тоа ќе ја задржите топлината да не оди низ подот.

Кога надвор е ладно заштитете ги прозорите. Ставете од онаа фолија која е полна со меурчиња и притоа истата е ефтина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.