Некогаш беа руина и срам за Прилеп, а денес се современи транспортни центри

55555

Прилеп доби целосно нов и современ транспортен центар. Во градот се изгради целосно нова современа автобуска станица, а целосно беше реновирана и железничката станица.

Ако некогаш овие два објекти беа срам за градот и го нагрдуваа со својот изглед и нефункционалност, денес прилепчани имаат можност да ги уживаат бенифитите на новите објекти и да се чувствуваат пријатно додека поаѓаат и пристигнуваат во својот град.

Старата автобуска станица која се наоѓаше во централното градско подрачје беше тесна и создаваше проблеми во сообраќајот.

50724797

pece_2013619144219

Стариот изглед на автобуската станица во Прилеп

Во 2014 година Прилеп доби нова автобуска станица, целосно опремена, со широки перони, кафетерија и хортикултурно уреден двор.

Истата беше изградена на старата локација на Противпожарната станица, и е во непосредна близина на железничката станица.

2824cdc580c3abf668068ead9099c172

5025-sveceno-otvorena-novata-avtobuska-stanica-vo-prilep-960x600-1

5025-sveceno-otvorena-novata-avtobuska-stanica-vo-prilep-960x600-3

5490-nova-avtobuska-stanica-960x600-1

Наредната година Прилеп доби и целосно реновирана железничка станица, на која беше задржана целата автентичност.

Свежа фасада, нова дограма, столарија, нови санитарни јазли, затоплени и реновирани чекални, се само дел од новите услови кои им се ставени  на располагање на патниците кои сега пристигнуваат или поаѓаат од прилепската железничка станица.

Посебен белег на станицата дава и пристигнување и поаѓањето на новите возови кои беа набавени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

DSC01902

DSC01905

DSC01920

Александар Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.