Силното невреме кое вчеравечер ја зафати Македонија било проследено со град, силен дожд и ветер.
Нестабилноста која попладнето го зафати југо-западниот дел на Македонија, до вечерта се прошири речиси на целата територија на државата.
Наши читатели ни испратија фотографии од последиците кои зад себе ги остави невремето во долненското село Сенокос, кое е на неколку километри од Прилеп, каде силен град ја побелил земјата и ги уништил горните класи од тутунот.
Тутунарите во овој период ги берат најгорните класи, односно најквалитетниот тутун, па според фотографиите ќе останат скратени за голем дел од висококвалитетниот тутун од прва класа.