-Ако не бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот? – гласи задачата која многу брзо се проширила на социјалните мрежи.
Фотографиите од тестот се објавени на кинескиот News портал “Тhe Paper”. Секако, веднаш е јасно дека задачата е невозможно да се реши , но то не ги спречило учениците, но и корисниците на социјалните мрежи подоцна понудиле решение, пренесува RT.com.
-Капетанот има 36 години. По се изгледа е нарцис, па вкупниот број на животни одговара на бројот на неговите години – напишал еден од учениците.
Други се обиделе да направат логично размислување.
Ridiculously difficult exam question has Chinese internet users scratching their heads over solution.
Students at a school in southwest China were asked the “unsolvable” question.#mathematics #maths #exams #China #Students
Any Answer ? ? pic.twitter.com/SwKxv47ZYj
— Shafiqullah Sayaad (@ShafiqullahSay2) January 30, 2018
-Капетанот би требало да има барем 18 години, затоа што малолетници не можат да управуваат со брод, напишале.
Основното училиште после оваа задача се нашло на удар. Многумина сметале дека задачата нема никаква врска со математика, па училиштето многу брзо испратило одговор.
-Улогата на образованието не е да произведува стандардизирани резервни делови… Прашањето кое може да има повеќе одговори е добро прашање – рекле од училиштето и додале дека задачата е поставена да го тестира критичкото размислување.