На адресата на болницата веќе 57 години пристигнува истото писмо: Знаат само дека станува збор за мистериозен пациент, а еве што пишува

Еден благодарен поранешен пациент, на болничкиот персонал во Стамфордската болница му праќа анонимна божиќна честитка секоја година од 1960.

Од болницата наведуваат дека честитката се појавува “секоја година без исклучок”, со истата порака за благодарност, и дека тоа трае веќе 57 години.

“Би било одлично да пронајдеме некој што е благодарен по сиве овие години”, соопштиле од болницата.

Персоналот сака да го пронајде мистериозниот пациент, за да можат да му се заблагодарат и да му посакаат среќни празници.

Од поштата во Челмсфорд, од каде пристигнуваат пратките, единствено што знаеле да им кажат е дека станува збор за маж.

Во честитката се наведува дека станува збор за благодарен пациент од 1960. година, и дека уште се држи добро.

 

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.