Пред неколку дена во Прилеп се одбележаа 60 години од смртта на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто. Граѓаните и делегации од локалната самоуправа, како и пратставници од политичките партии и здруженијата на борци, и оваа година се поклонија пред ликот и делото на најголемиот меѓу Македонците, пред делото на човекот кој за идејата за самостојна Македонија, платил со живот во бившиот комунистички режим.
Како по обичај претставници од СДСМ не беа присутни пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп.
На 1 Август во Прилеп за прв пат помина и Илинденската коњаница “Патот на црешовото топче”. Како за Ченто така и пред “Kaрпалак”, претставници на владеачката партија не беа присутни. Додека стотици граѓани со овации и аплаузи ги пречекаа коњаниците и ги придружуваа до излезот на градот, СДСМ се занимаваше со потпишување на договорот за “добрососедство” со Бугарија и беа опседнати со пречекот на бугарскиот премиер Борисов.
Граѓаните епилогот го видоа вчера на Илинден, кога прилепските пратеници Кети Смилеска и Хари Локвенец, беа лева и десна рака на Талат Џафери и заедно со него се поклонија пред гробот на Никола Карев во Крушево.
На другата страна на државата во главниот град, Зоран Заев со Борисов заедно се поклонија пред гробот на Гоце Делчев, а во меѓувреме бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов на плоштадот “Mакедонија” го прогласи Илинденското востание за бугарско и голем ден за Бугарија.
Некој вчера се обиде да го убие Илинденскиот дух и да си поигра со емоциите на граѓаните. Некој вчера се обиде да го убие традиционалниот начин на празнување на Илинден, кога илјадници и илјадници граѓани присуствуваа на празнувањето во Крушево. Присутноста на само 50-тина луѓе говори едно, а тоа е: “Народот му го сврти грбот на СДСМ и се побуни на нивната замисла за добрососедство и соживот”.