Најчевска: Срам да ви е СДСМ и срам да ви е мои шарени другарчиња


Професорката Мирјана Најчевска во статус на својот Фејсбук профил удри по СДСМ и Шарената Револуција, откако се разочара од изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека најголеми виновници за големата смртност на новороденчиња се мајките.

-Срам да ви е СДСМ и срам да ви е мои шарени другарчиња кои го изгласавте без око да ви трепне, вели Најчевска која воедно важи за голем и жесток подржувач на политиките на СДСМ.

Таа ја цитира скандалозната изјава на министерот во владата на СДСМ и Зоран Заев, Венко Филипче кој рече дека свеста кај жените е на многу ниско ниво и смртоносна последица за новороденчињата е несоодветната грижа на мајките за своето здравје.

Најчевска истакна дека министерот Филипче наместо да ги обвинува жените за негрижа на сопственото здравје тој и владата треба да обезбедат подобар стандард, соодветни услови за живот за граѓаните како и да се фокусираат кон намалување на загадувањето на воздухот и водата.

Исто така таа додава дека државата не обезбедува соодветна здравствена поддршка на бремените жени, условите во болниците се катастрофални, а лекарите имаат се помалку знаење. Според неа на министерот полесно му е да ги обвинува жените за негрижа на сопственото здравје отколку да се зафати со решавање на овие проблеми.

-Не е крива државата која не обезбедува соодветна здравствена поддршка на бремените жени. Не. Виновни се жените кои не водат грижа за сопственото здравје. Не се криви лекарите кои имаат се помалку знаење. Не. Виновни се жените кои не се грижат за сопственото здравје. Не се виновни болниците кои се наоѓаат во трета фаза на распаѓање, во кои царува нехигиената, во кои одиш да се разболиш наместо да оздравиш. Не. Виновни се жените кои не се грижат за сопственото здравје, рече Најчевска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.