Најстариот и најголем еснаф, прилепските бакали, во понеделник одново ќе го прослават празникот Св. Три светители

Традиционално, бакалскиот еснаф во Прилеп во понеделник на 12 февруари ќе го прослави својот патрон празник ,„Св.Три Светители“.

Празникот е посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст кои се сметаат за три столба на христијанската црква.

По повод големиот христијански празник, во црквата „Свето Благовештение“ ќе се одржи Божествена литургија со која ќе чиноначалствува Поглаварот на македонската црква Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Повеќе информации погледнете во прилогот на регионалната телевизија “Канал Визија”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.