Најстарата прилепска населба, “Варош” комплетно се асфалтира (ФОТО)

IMG_9769

Комуналано се уредуваат краците на улиците во една од најстарите прилепски населби, Варош. Моментно, во должина од 550/600 м. се асфалтираат краците на ул.„Иљо Полутешка“, со буџетски средства. Жителите велат дека асфалтирани улици добиваат после 70 години  и се среќни поради тоа што ваков зафат се реализира во нивната населба.

IMG_9764

IMG_9775

– Се реализира комуналната програма предвидена за оваа тековна, 2017 година, во која е опфатена и една од најстарите  прилепски населби,  Варош. Моментно овие краци на ул.„Иљо Полутешка“ се асфалтираат, а предходно беше заменета канализационата и водоводната мрежа, улицата се тампонираше, и, еве сега, се асфалтира. Останува во оваа најстара населба во Прилеп, уште сосема мал дел за асфалтирање, во долниот дел на Варош, каде  сеуште се работи на промена на канализациониот систем“ – вели градоначалникот на Прилеп,  Марјан Ристески кој беше во увид на тековните комунални активности.

IMG_9777

IMG_9780

Во комуналната програма на локалната самоуправа за 2017 година се опфатени и градот и населените места. Активностите за комунално уредување ќе продолжат и во наредниот период, со динамика која ќе зависи од временските услови и буџетот на Општина Прилеп, за оваа намена, најавија од локалната власт.

IMG_9782

IMG_9785

IMG_9795

IMG_9799




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.