Најпознатиот српски патолог конечно ја реши мистеријата: Објавено местото каде Јелена била убиена

Ова може да се смета за единствена и конечна верзија за убиство на Јелена.

Супервештачење на најпознатиот српски патолог доктор Зоран Станковиќ, потврдило дека пејачката е убиена во каналот во Борча, а не како што се шпекулираше, дека била убиена во студиото или во куќата- дознава српскиот весник Новости.

Од извори блиски на истрагата, потврдено е дека вештачењето докажало дека Јелена е убиена во каналот, по трагите од испрсканата крв кои се најдени во каналот.

Истотака потврдено е дека пејачката била удирана девет пати во пределот на главата,со тап предмет,  а не дека била избодена.

Потврдено е дека имала обрамбени повреди, што докажува дека се борела за живот во моментот кога била нападната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.