Панамериканскиот авто-пат претставува систем од патишта кој се простира преку северот од меѓународниот авто-пат во Мексико до јужниот дел на Аргентина.
Од Алјаска до јужните делови на Аргентина се простира авто-пат идеален за патници кои сакаат да ги испробаат своите можности за соборување рекорди по патишатата. Кој и да се одлучи на ваков потфат ќе му треба добро возило, со голем резервоар и околу една година од животот. Зависно која рута ќе ја одберете, може да се помине од 24 до 45.000 километри.
Замислата на Американците од северот и југот на континентот била да изградат панамериканска железница, но идејата била заменета со асфалт.
Aвто-патот поминува низ: северниот дел на Канада, САД, Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Коста Рика и Панама, а јужниот дел го сочинуваат: Суринам, Гвајана, Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Чиле и Аргентина. Важни траси од авто-патот поминуваат и низ: Боливија, Бразил, Парагвај и Уругвај.
Овој авто-пат поминува низ жешки и ладни предели, како и низ непредвидливи бури. Тука се и корумпираните полицајци, како и високите патарини.
Патописецот Роланд Е. Јунг ги опшал своите искуства на авто-патот во книгата “Панамерикана”. Му биле потребни 42 дена од ледената Алјаска преку екваторот, до Огнената земја.
А/Г/