Престојната година еден од најголемите македонски брендови “Стоби Флипс” ќе прослави 40 години постоење. Овој бренд кој доаѓа од Прилеп е гордост на секого, а на прилепчани им е особено драго кога истиот ќе го пронајдат во некоја продавница низ државите во светот.
На повидок и нови вкусови од препознатливиот “Атлантис” кој е еден од највкусните чоколадни производи што постои на пазарот.
Oваа година на пазарот излезе и новиот “Стоби Флипс Магнус”, а деновиве ќе излезе и лутиот вкус на овој производ.
Овие вкусови и новитети одлично ќе се вклопат во широкиот асортиман кој го нуди “Витаминка” и ќе се најдат на полиците освен во Македонија и во 30 држави ширум светот.
Погледнете го прилогот на Канал Визија ТВ: