Повеќе од седумдесет дена прилепчани маршираат по патот на државноста, бранејќи ја унитарноста и посебноста на државата.
Вечерашниот марш “За заедничка Македонија” во Прилеп започна со едноминутен молк за загинатите припадници на безбедносните сили во настаните во Дива населба пред две години во Куманово.
Македонското Собрание доби нелегитимен претседател, што значи дека законите кои ќе бидат донесени од законодавниот дом ќе бидат нелегитимни.
“До кога ќе се гази по Уставот и законите? До кога ќе се гази врз вољата на македонскот народ? Бараме предвремени парламентарни избори на кои ние ќе одлучиме дали да се прифати “Тиранската платформа”. Избори мора да има. Избори веднаш !” , порачаа граѓаните на вечерашниот протест.