Нарко гулаб: Полицијата во Аргентина убила птица која им носела дрога на затворениците

Птицата на себе носела минијатурен ранец со 44 таблети седативи, 7,5 грама марихуана и USB диск.

Аргентинската полиција убила гулаб “писмоносец” кој пренесувал дрога во затворот во градот Санта Роса.

Би-Би-Си пренесува дека полицајците откриле дека птицата на себе имала мал ранец со 44 таблети седативи, 7,5 грама марихуана и USB диск.

Oвој начин на криумчарење е забележан од порано и се истражува, известил весникот Кларин.

Во тој весник објавена е и слика на мртвиот гулаб.

Аргентинската управа од затворот во 2013 година предупредила дека криумчарите во затворот користат гулаби кој прават од 10 до 15 летови на ден.

Карвин вели дека после истрагата од 2013 година уапсени се тројца луѓе и запленети се 15 гулаби.

Нешто порано во истата година во Кувајт фатен е гулаб кој носел 178 таблети кетамин.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.