Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. Особено топло ќе биде во деновите од викендот, кога максималната температура во најтоплите региони ќе достигне до 42 степена. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.
Според прогнозираните температури, денес подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а утре Северновардарскиот и Охридско-Преспанскиот регион во портокалова фаза.
Од среда се очекува мал пад на температурите и појава на локален дожд и грмежи.