Божиќ или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според Христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигеден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестански и повеќето православни цркви, го прославуваат 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар вклучувајќи ја и македонскатата православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.
Еве што треба да имате на трпезата Бадник за здравје,среќа и плодност во домот
– Лепче со паричка
-Суви пиперки со грав/ сарма со зелка
– Компот од суви сливи
– Овојше ( јаболка, мушмули, ореви, дуња)
– Кисела Зелка
– Печена тиква
– Лук